Османи оди на неформален министерски состанок на НАТО, во Берлин

„Руската воена инвазија врз Украина, можните импликации од војната врз сојузниците, безбедносните ризици и идната одбранбена поставеност на НАТО, како и претстојниот самит на лидерите на Алијансата во Мадрид“ – овие теми ќе се во фокусот на разговорите на дводневниот состанок на министрите за надворешните работи на земјите членки на НАТО што денеска и утре ќе се одржи во Берлин. На состанокот ќе учествува и шефот на македонската дипломатија – Бујар Османи.

Тука се поканети и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска, кои ќе информираат за најновиот развој на настаните, придобивките и импликациите врзани со можното идно членство на овие две земји во Алијансата.

Од МНР соопштија дека на маргините на состанокот се очекува Османи да оствари билатерални средби со министрите за надворешни работи на Украина – Дмитро Кулеба и на Црна Гора – Ранко Кривокапиќ.