Алиу најавува краткорочно решение за паркингот на Клинички

Се прават напори да се реши хаосот на паркингот во Клиничкиот центар во Скопје, а а ко се реализира идејата тоа може да го реши проблемот со паркирање на кус рок. За долгорочно решение се чека ,прво да се прецизира каде и кога ќе се гради новиот Клинички центар, објасни министерот за здравство Азар Алиу на денешниот брифинг со новинарите.

– Краткорочно имаме идеи, сè уште немаме решение, но работиме на тоа и веруваме дека за кратко време ќе бидете известени – изјави новиот министер за здравство, Азир Алиу, за хаосот со паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Тој рече дека паркингот не е ни мапиран, односно не се знае ни колку паркинг-места има.

„Знаеме дека еден од главните инфраструктурни проблеми, освен зградите и внатре во Клинички, е паркингот. За жал, паркингот не е ни мапиран, ќе почнеме од базичните инфраструктурни чекори за да видиме колку паркинг-места има, со длабока анализа ќе видиме колку пациенти има, колку вработени и ќе излеземе со краткорочно решение“, рече Алиу.

Долгорочното решение за паркингот, додаде тој, ќе зависи од долгорочното решение за Клиничкиот центар.

„Ќе мора да бидеме претпазливи, да не се инвестира во нешто што можеби утре нема да биде во функција“, рече Алиу.

Тој најави дека влезот на паркингот на Клинички пациентите преку Мој термин ќе може да го најавуваат со скенирање на код, а секако за паркингот ќе платат. За ова е потребно поврзување на системите Мој термин и оној на паркингот.