Бројот на жртви во воздушните напади во Киев се искачи на 21, соопшти Украина

Бројот на жртви од масовниот руски напад врз Киев во понеделникот се искачи на 21, соопштија службите за итни случаи.

Бројот на жртви од масовниот руски напад врз Киев во понеделникот се искачи на 21, соопштија службите за итни случаи.

-Вкупно 21 лице загина во главниот град, а 134 се повредени, напишаа службите за итни случаи на Телеграм.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека тоа бил „еден од најстрашните напади“ на Русија врз Киев откако започна инвазијата во февруари 2022 година.

За време на нападот беа испукани повеќе од 440 дронови и 32 ракети, додаде Зеленски. Цел на нападите беа 27 локации во главниот град, изјави украинскиот министер за внатрешни работи, Игор Клименко.

Во меѓувреме, уште две лица беа убиени, а 17 повредени во нападот врз Одеса, а уште две загинаа во регионите Суми и Херсон, објавија украинските власти.