
Ребалансот на буџетот на седница најверојатно во четврток
Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска.
Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска.
Како што изјави за медиумите, клучните проекции, БДП и инфлацијата, остануваат исти.
– Генерално, остануваме на истите бројки кои ги имавме од аспект на бруто домашен производ инфлација, истакна Димитриоска Кочоска, по презентацијата на Договорот за финансирање на заедничките активности, што ја организираа Министерството за финансии (МФ) и Канцеларијата на ООН во Скопје.