„Во изминатиов период има многу да зборуваме за тоа како се добива слободата или како не функционира правосудниот систем, за оние кои делуваат во организиран криминал и корупција да бидат казнети. За случајот „Империја“ се соочуваме со толку висока кауција, меѓутоа дека се работи за спогодба, изгледа дека некој многу лесно се ослободува, не го стигнува правдата. Имавме бројни афери, случајот „Скопје 2014“ најеклатантен“ – вели професор Слаѓана Тасева – претседател на Транспаренси интернешнл Македонија во најновото издание на Трилинг.
Тасева вели „спогодбата е воведена со новиот Закон за кривична постапка, од 2010-та, но многу случаи досега немаше ниту спогодба, Обвинителството ги одмолча, останаа без да излезат во судница. Тоа не е сега наеднаш сега линија на помал отпор. ЈО воопшто не ја остварува својата задача“.