Родители и блиски на жртвите во Кочани бараат Обвинителството да објасни кој е обвинет, а кој ослободен

„Ние, родителите, не сме правници. Соопштението од обвинителството беше полно со членови и законски термини – не разбравме ништо. Ни е јасно само дека се опфатени тројца градоначалници и обезбедувањето, но другите одговорни – не знаеме кои се. Имаме право да знаеме“, изјави мајка на едно од загинатите деца.

На денешниот „Марш за ангелите“ во Кочани, родителите на загинатите деца најавија дека ќе поднесат официјално барање до Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Кочани, со кое ќе побараат целосен увид во истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“.

„Ние, родителите, не сме правници. Соопштението од обвинителството беше полно со членови и законски термини – не разбравме ништо. Ни е јасно само дека се опфатени тројца градоначалници и обезбедувањето, но другите одговорни – не знаеме кои се. Имаме право да знаеме“, изјави мајка на едно од загинатите деца.

Родителите бараат целосна транспарентност за истражната постапка и обвинителниот акт, и јавно поставуваат прашања за тоа кои лица се опфатени, а кои се изземени од одговорност. Особено ги вознемирува фактот што, и покрај нивните укажувања и конкретни информации, одредени лица сè уште не се повикани ни на распит.

„Ова за нас е неприфатливо. Ние не сакаме правда преку медиуми или од шпекулации – сакаме од институциите. Ќе доставиме и официјално барање. Нашата борба е тешка, но праведна“, додаде мајката.

Родителите најавија дека ќе продолжат со јавните активности и притисок врз институциите сè додека, како што велат, не се открие целосната вистина за одговорноста за смртта на нивните деца.

Видеото од изјавата на родителите на загинатите деца во продолжение:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by iNFOMAX mk (@infomax.mk)

„Mарш на ангелите“ во продолжение:

Видео: Инфомакс