„Наместо претставници на граѓаните, пратениците многу често се однесуваат како партиски претставници. Зошто учествуваат во дебатата ако однапред знаат за што треба да гласаат. Ние (ВМРО-ДПМНЕ) сега сме во Собранието, и многу сме поактивни од парламентарното мнозинство. Што значи активна блокада – ќе се блокираат лошите закони, лошата постапка, скратена постапка со европско знаме, но злоупотребена. Ќе блокираме однос на претседателот на Собранието кога наместо да го брани, ќе го крши Деловникот“ – вели професор Гордана Силјановска Давкова – пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во најновото издание на Трилинг.
Таа вели „честопати очекувам пратеници од мнозинството да гласаат поинаку од останатите колеги од владејачкото мнозинство, но има некој праг на издржливост, на толеранција. Се обидовме да собереме 61 глас, но тогаш преку ноќ се случи драматична промена. Се обидуваме да докажеме дека нема демократија без опозиција, без дебата и без почитување на предлозите на опозицијата“.
„Во кризна состојба сме, изгласана спротивно на законот од парламентарното мнозинство затоа што постои одредба дека може да се прогласи најдолго 30 дена, па да се состанете пак. Си изгласаа кризна состојба за 6 месеци, до јуни сме ние во криза“ вели Силјановска Давкова.