
(Видео) Маршавелски за правосудството: Радикални реформи во Македонија можат да донесат ризици
🔴 Говорејќи за ситуацијата во Македонија, Александар Маршавелски смета дека е голем ризик да се оди во некои драматични реформи, да се прават „чистки“. 🔴„Такво искуство Хрватска имаше во деведесеттите години и тоа беше многу лошо затоа што во еден период се вработија голем број на луѓе, а немаше толку голем број на квалитетни кадри за да бидат судии. Значи не може со една радикална реформа нешто да се поправи. Според мене важно е да се обезбедат добри услови за работа на судиите, важно е сите судии да имаат редовни едукации бидејќи постојно законите се менуваат и тие закони да не се тестираат веднаш на луѓето, туку важно е кога се менува некој закон да се направат пилот проекти да се види како истиот може да се примени во тест фаза, а потоа и во реалност. Така ќе имаме и зголемување на довербата кај граѓаните. Од друга страна разбирливо е системот да биде и поефикасен и тука е клучна дигитализацијата. Важно е да имаме еден квалитетен електронски систем за водење на предметите“, вели Маршавелски.
„Не може само бројката од решение предмети да биде показател за ефикасноста на системот, бидејќи мора да се гледа и квалитетот. Во Хрватска имавме некои судови кои во неколку години постигнаа голема ефикасност. Се сеќавам дека Управниот суд на Република Хрватска имаше едно време преку 30.000 предмети заостанати и за четири години тој број се намали на само две илјади. Тука тие предмети навистина се затворија но проблемот беше што правдата не беше квалитетна. Образложенијата на тие пресуди беа шаблонски. Однапред беа одредени образложенијата за одредени предмети и фактички само се менуваа имињата на странките. Записникот се препишуваше и тоа стануваше пресуда. Тоа не е добро“, изјави во магазинот „Трилинг“ универзитетскиот професор од Правниот Факултет во Загреб Александар Маршавелски. компарирајќи ги искуствата во македонското и хрватското правосудство, како и за тоа како Хрватска ги спроведе овие реформи.
Хрватска постигна ефикасност, но не и квалитет – Маршавелски за реформите во правосудството
-Хрватскиот судски систем стана поефикасен пред сѐ заради дигитализацијата. Сега имаме електронски систем за водење на предметите и полесно се прати истите. Не може сега да седи во некоја фиока и да не се знае што се случува. Доколку некој предмет седи тоа се гледа во системот и претседателот на судот реагира. Навистина постигнавме едно добро ниво на ефикасност но квалитетот не е подобрен. И Хрватска уште треба да работи тие пресуди да бидат поквалитетни за граѓаните да веруваат дека правдата е постигната со пресудите“, додаде Маршавелски.
Говорејќи за тоа колку хрватското судство е ослободено или е под надзор на политичките и бизнис влијанија, професорот вели дека во моментов во Хрватска има избор на нов претседател на Врховен суд и околу тој избор има кохабитација помеѓу Милановиќ и Пленковиќ (претседателот и премиерот). Така беше и порано. Значи во судската хиерархија нема политички влијанија во смисла дека една партија диригира што ќе се прави. Во Хрватска е проблемот е тоа што освен влијанието при изборот на претседател на Врховниот суд, политиката нема многу можност да влијае на Судскиот систем, власт, заради тоа што се работи за еден затворен систем. Судии бираат, едуцираат судии. Дури малку политиката и изгуби контрола од судскиот систем и затоа се јавуваат тие проблеми со квалитетот.
-Делот каде што политиката има големо влијание е кај Главниот јавен обвинител во Хрватска и тука е избран човек кој е близок на владејачката партија и кој фактички ја користи својата моќ да ги штити политичарите од владејачката гарнитура а во моментов имаме отворање на големи предмети против опозициски политичари. Тоа во Хрватска не се доживува како реваншизам бидејќи веќе 10 години истата партија е на власт (ХДЗ). Се отвораат кривични постапки, истраги против опозициски политичари и членови на нивните потесни семејства. Морам да кажам дека порано имавме повеќе министри за кои се отворени коруптивни афери и кривични постапки а сега тоа е малку застанато, затоа што владејачката партија го постави новиот јавен обвинител кој треба малку да ја „заштити“ владејачката партија и тоа е лошо, вели Маршавелски.
Маршавелски: Револуцијата во правосудството не е решение, потребна е континуирана едукацијa
Говорејќи за ситуацијата во Македонија, Александар Маршавелски смета дека е голем ризик да се оди во некои драматични реформи, да се прават „чистки“.
„Такво искуство Хрватска имаше во деведесеттите години и тоа беше многу лошо затоа што во еден период се вработија голем број на луѓе, а немаше толку голем број на квалитетни кадри за да бидат судии. Значи не може со една радикална реформа нешто да се поправи. Според мене важно е да се обезбедат добри услови за работа на судиите, важно е сите судии да имаат редовни едукации бидејќи постојно законите се менуваат и тие закони да не се тестираат веднаш на луѓето, туку важно е кога се менува некој закон да се направат пилот проекти да се види како истиот може да се примени во тест фаза, а потоа и во реалност. Така ќе имаме и зголемување на довербата кај граѓаните. Од друга страна разбирливо е системот да биде и поефикасен и тука е клучна дигитализацијата. Важно е да имаме еден квалитетен електронски систем за водење на предметите“, вели Маршавелски.
Околу направените измени во Кривичниот законик со кои дел од предметите на СЈО застареа, дел од казните беа намалени, Маршавелски вели дека е срамно тоа што се случи со намалувањето и застарувањето на казните поврзани со корупција.
„Јас тоа го гледав од Хрватска и мене ми беше неверојатно граѓаните кои протестираа кога „бомбите“ беа објавени и кои успеаја да ја сменат таа власт на Груевски и да се покренат тие постапки против него и другите инволвирани во тие афери сега истите тие граѓани немоќно да гледаат како Кривичниот закон се менува. Мое мислење е дека и тогаш тие требаше да излезат на улица. Еве гледате во Србија што се случува со студентите. Мислам дека младите луѓе, особено студентите мора да видат дека имаат моќ нешто да сменат“, вели Маршавелски.
Целото интервју погледнете го во видеото.