(Видео) Крстевски: Кочани нема повеќе да трпи – време е Владата да одговори

🔴 Говорејќи зошто не се одржа средба помеѓу родителите и кабинетот на премиерот, Крстевски вели дека гледајќи го односот не го чуди што не се има одржано таква средба. „Не знам од кои причини. Вратата на општина Кочани е отворена за премиерот. Јас давам рака за соработка. Мене не ме интересираат партиски калкулации. Мене ме интересира што е можно поскоро да го подобриме амбиентот на живеење во Кочани. Не знам од кои причини премиерот ги игнорира моите повици за средба, бидејќи сметам дека само со заедничка работа ние може да направиме одредени работи. Моментално во оваа точка каде што сега се наоѓа градот Кочани, не се наоѓа ниту една општина или град во целиот регион. Ние како локална самоуправа даваме максимум, но тоа не е доволно да ја смениме целата целата состојба во која се наоѓа општината. 🔴 Мене искрено ме загрижува и тој игнорантски однос на институциите на владата. Тука посебно сакам да го издвојам игнорантскиот однос на Министерството за финансии. Пред две недели од моја страна беше контактирана министерката. Замислете ние во Кочани во 2025 година имаме готов објект за детска градинка. Тој објект може да биде пуштен уште утре. Истиот е изграден пред повеќе од три ипол години, но поради технички недостатоци, целиот овој период  недостатоците се санираа и за очекување беше во секој момент да се пушти. Не знам од кои причини за пари кои се предвидени во буџетот на Министерството за финансии ние немаме добиено согласност од министерката за да успееме да ја ставиме во функција таа градинка. А со ставање во функција на таа градинка ние ќе го решиме проблемот на родителите во општина Кочани, меѓу кои има и повредени лица во несреќата има и лица кои останаа самохрани родители.

„Со жалење може да констатираме дека народните избраници не ја оправдуваат довербата која ја имаат добиено, но не треба да ставиме предмет на равенство – гледаме пратеници кои се трудат и да ја артикулираат темата за Кочани. Не знам од кои причини таа тема одредени пратеници се трудат да ја стават под тепих“, изјави на почетокот од гостувањето во магазинот „Трилинг“, в.д градоначалникот на Кочани Венко Крстевски.

Кочани во сенка на игноранцијата: Доста беше молк од институциите!

Фото: Трилинг / Венко Крстевски

Говорејќи околу прашањето на што се должи обидот за политизација на тагата кај граѓаните од Кочани, Крстевски вели дека факт е дека оваа трагедија одекна не само само во Македонија и регионот туку и во цел свет и нормално е истото да има таков публицитет.

Но според него жално е што има луѓе што се трудат да го искористат тој публицитет за свои лични намери.

„За мене уште пожално е институционалната неангажираност. Институции се тие кои повторно затајуваат. Не само пред несреќата, после несреќата имаме ние многу повредени лица и секојдневно гледаме дека истите не добиваат соодветен третман. Самите тие и ред други луѓе од нашиот град се трудат да го анимираат тој проблем и верувајте дека единствен начин е преку вас медиумите и социјалните мрежи, бидејќи институционално тие дејствуваат само колку што им даваат можностите на самите институции а гледаме дека три месеци после трагедијата институциите не се на задоволително ниво.

-Еве имаме промени во Градската болница и сакам да го поздравам тоа и се надевам дека новата в.д директорка ќе успее да ја направи таа трансформација што не успеа нејзината претходничка а беше неопходна во периодот пред да дојдат повредените лица. Сега откако дојдоа веќе е касно, но час поскоро истите промени треба да се случат“, вели Крстевски.

Околу тоа дека ВМРО-ДПМНЕ обвинува за некрофилија, опозицијата пак за тоа дека власта не испорачува правда, здравство и ги навредува родителите, и дали во оваа политичка мимикрија во која едните со другите си ја префрлаат вината всушност кочанчани се колатералната штета. Крстевски смета дека најпрво ВМРО-ДПМНЕ треба да сфати дека има одговорност. има централна власт има три ипол години во Кочани локална власт.

-Во нивно време се случува оваа трагедија и мора да ги преземат своите надлежности и ингеренции коишто ги имаат како влада и со конкретни мерки и чекори да дејствуваат во Кочани. Доста ни беа тие политички соопштенија и таквите обвинувања. Таквите обвинувања се преостри и несоодветни. Од аспект на СДСМ сакам да кажам дека и тие треба да бидат поконкретни во нивните барања. Еве дадоа предлог во Собрание , но исто така не треба да се отуѓуваат од народот. Значи добредојдени се сите во Кочани и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Нека дојдат нека разговараат со народот бидејќи сите заедно може да го решиме овој проблем во кој се наоѓаме, не само во Кочани туку во цела држава.

-За жал сметам дека јавноста очекуваше дека после овој немил настан ќе кренеме интензивно во менување на системот, бидејќи системот е тој кој е одговорен за сите немили настани и во минатото. Системот сме сите ние – и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и јас и ти, едноставно ние го создаваме системот и за да го смениме тој систем треба да покажеме намера преку конкретни чекори. Од позиција на в.д градоначалник мене тоа ми е примарна цел – да го менувам системот во надлежностите кои ги има општина Кочани, вели Крстевски.

За тоа дали во овој момент има координација помеѓу локалната и централната власт, бидејќи од „Илинденска“ бр. 2 велат дека кабинетот на премиерот е во постојан контакт со родителите, Крстевски вели тој кога станал в.д градоначалник на Кочани првото нешто што го направил е испратил допис до кабинетот на премиерот за состанок.

„За истиот допис не добив конкретен одговор, туку добив неодреден одговор. Со премиерот се сретнавме и на настан пред еден месец кој го организираше Швајцарската амбасада, имавме лично разговор и од негова страна лично ми беше кажано дека ќе бидам контактиран од кабинетот за да го направиме состанокот. За жал сѐ уште немаме состанок. Мене искрено ме загрижува тој игнорантски однос на институциите на владата. Тука посебно сакам да го издвојам игнорантскиот однос на Министерството за финансии. Пред две недели од моја страна беше контактирана министерката. Замислете ние во Кочани во 2025 година имаме готов објект за детска градинка. Тој објект може да биде пуштен уште утре. Истиот е изграден пред повеќе од три ипол години, но поради технички недостатоци, целиот овој период  недостатоците се санираа и за очекување беше во секој момент да се пушти. Не знам од кои причини за пари кои се предвидени во буџетот на Министерството за финансии ние немаме добиено согласност од министерката за да успееме да ја ставиме во функција таа градинка. А со ставање во функција на таа градинка ние ќе го решиме проблемот на родителите во општина Кочани, меѓу кои има и повредени лица во несреќата има и лица кои останаа самохрани родители. Листата на чекање е скоро 200 деца. Доколку ја ставиме во функција градинката „Детелинка“ која има капацитет од од 115 легла ние за еден месец можеби ќе ја решиме целата листа на чекање во Кочани. Тоа му треба на Кочани. На Кочани не му требаат некои мегаломански проекти коишто ќе ги очекуваме во некоја далечна иднина. Нас ни требаат конкретни мерки и решенија денес, утре, час поскоро“, смета Крстевски.

Град што тивко вриштеше – Крстевски ги разобличува институциите

Околу изјавите на премиерот каде вели – заедно сме во однос на родителите, на починатите и повредените, а од друга страна овие мирни протести и граѓанското движење го квалификува како политичка партија. Крстевски вели дека не му е јасно што сакал да каже премиерот со тие изјави.

Говорејќи зошто не се одржа средба помеѓу родителите и кабинетот на премиерот, Крстевски вели дека гледајќи го односот не го чуди што не се има одржано таква средба.

„Не знам од кои причини. Вратата на општина Кочани е отворена за премиерот. Јас давам рака за соработка: Мене не ме интересираат партиски калкулации. Мене ме интересира што е можно поскоро да го подобриме амбиентот на живеење во Кочани. Не знам од кои причини премиерот ги игнорира моите повици за средба, бидејќи сметам дека само со заедничка работа ние може да направиме одредени работи. Моментално во оваа точка каде што сега се наоѓа градот Кочани, не се наоѓа ниту една општина или град во целиот регион. Ние како локална самоуправа даваме максимум, но тоа не е доволно да ја смениме целата целата состојба во која се наоѓа општината.

-Еве сакам да се надоврзам за тоа зошто ни е меѓу другото потребна поддршка од премиерот. Сите знаеме дека Кочани е градот на комарци. Ние сега кога имаме луѓе со отворени рани потребно ние е ефикасно прскање против комарци. Невозможно е општина Кочани да прска само на територија на општина Кочани и ние да очекуваме дека ќе го решиме проблемот со комарците. Од 2009 година па навака се прска локално. Тоа е една голема глупост. За да има ефект треба да се прска регионално кое ги опфаќа и полињата, но и планините кои се огромен регион. Сметам дека регионалното прскање може да се случи само со помош на владата и ефект може да имаме само ако таа се заложи“, вели в.д градоначалникот.

За најавуваниот „Голем проект за Кочани“ од страна на Владата и за што конкретно станува збор Крстевски вели дека не е запознаен со проектот и вели дека во моментов за граѓаните на овој град потребно е „Кочани 2025“.

„Значи нас ни е потребно во овој момент. Несомнено е дека отворање на нови фабрики, факултети и ред други инвестиции во иднина ќе го подобрат амбиентот на живеење, но го кажав случајот со градинката што може да биде отворена уште од утре. Такви се и многу други проекти. Имаше најава од многу пратеници дека Кочани ќе добие посебна поддршка. Мене не ми е јасно што мислат тие кога кога ќе кажат дека Кочани ќе биде посебно привилегиран, бидејќи истото со никој закон не е предвидено до сега. Како мислат тие дека сите општини ќе добијат нешто а Кочани ќе добие повеќе од тоа?“, вели Крстевски.

За констатацијата дека е чудно градоначалникот на Кочани да не биде запознае со тоа што владата спрема во неговиот град, Крстевски упатува да се праша Владата.

„И мене ми е чудно, меѓутоа за тоа треба да одговори владата. Јас пројавив интерес но досега слушам само шпекулации. Кажав дека во неколку наврати се потрудив да оствариме средба со премиерот но истата за жал сѐ уште не е реализирана. Овој игнорантски однос не е само спрема мене, тој е и спрема целиот град. Не знам од кои причини, но одговорот треба да го даде самиот премиер, додава Крстевски.

Прашан дали постои ризик гневот, незадоволството, револтот на семејствата на починатите и повредените да ескалира и која е целата на овие неделни мировни протести, како и дали смета дека Обвинителството правилно ја води истрагата во вистинска насока, Крстевски вели дека маршот е мирен и до сега се гледа дека нема никаков инцидент и самото тоа покажува со каква свест и одговорност кочанчани протестираат и бараат правда.

„Јасно е дека јавноста е незадоволна од самиот процес бидејќи сметаше дека истата требаше да се води потранспарентно, незадоволна е и од односот на пратениците затоа што во Собранието кога се случи несреќата имаше пауза наместо работа и ,бидејќи не сум правник, искрено би сакал да ги слушам правните мислења по завршување на истрагата по однос на поднесените обвиненија затоа што и мене не ми е јасно како ќе заврши и како ќе се одвива така голема истрага, вели Крстевски.

В.д градоначалникот на Кочани во „Трилинг“ изјави дека сака да се направи експропријација и да се сруши објектот на кабарето „Пулс“ и да се направи споменик.

„За жал тој немил настан ни отвори многу видици само за тој објект туку на објекти за целиот потег. Ексклузивно ќе кажам дека јас сум првиот градоначалник во историјата на Кочани кој напиша прекршочна пријава за непријавување данок на имот. Ние во тој дел откривме објекти ко не се пријавени и истите немаат соодветна намена за која се користат. Овој настан отвори многу прашања во општина Кочани. Јас се зафатив да ги артикулирам и презентирам на јавноста сите тие прашања, затоа што таа има право да знае се што сп децении е ставано под тепих. Знам дека таа борба е многу тешка, бидејќи самиот тој систем кој е креиран 35 години направил многу фалинки. Станува збор за многу институции. Ние ги занемарувавме одговорностите кај другите институции. Нормално е секој да има различна одговорност, но факт е дека најголема одговорност треба да се бара во МВР. Да бидам искрен, пред да се случи овој настан сметав дека министерот Панче Тошковски добро си ја извршува својата работа, меѓутоа по овој настан се открија сите недостатоци во целиот систем и најмалку што требаше е истиот да си поднесе оставка од морални причини, бидејќи во настанот загина и службено лице од МВР“, смета градоначалникот Крстевски.

Целото интервју погледнете го во видеото.