
Алијансата на Таравари вели дека Законот за правична застапеност се одолговлекува
За Алијансата за Албанците (крилото на Арбен Таравари) изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, дека законот правична и соодветна застапеност прво ќе помине низ Владата, а потоа ќе биде испратен на мислење до Венецијанската комисија, пред да се изгласа во Собранието, е знак дека тој намерно се одложува.
За Алијансата за Албанците (крилото на Арбен Таравари) изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, дека законот правична и соодветна застапеност прво ќе помине низ Владата, а потоа ќе биде испратен на мислење до Венецијанската комисија, пред да се изгласа во Собранието, е знак дека тој намерно се одложува. Тоа е дел од тактиките на блокирање од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините владини партнери од коалицијата ВЛЕН, кои или не ја разбираат важноста на ова прашање или се заслепени од жедта за моќ, вели во соопштението АА.
Во соопштението се додава дека искуството со Законот за употреба на јазиците го покажува реалниот ризик од долги одложувања. Овој закон беше испратен до Венецијанската комисија на 22 јануари 2019 година, а пријателското мислење беше вратено дури на 4 мај 2025 година – по цели шест години чекање.
Покрај тоа, Владата се обидува да го испрати законот за правична и соодветна застапеност до Венецијанската комисија без парламентарно одобрување. Ова е опасна практика што може да создаде правен вакуум, во време кога на земјата ѝ се потребни јасни гаранции за правична застапеност на сите заедници.
Сегашните практики за вработување – каде што во многу конкурси резултатот е 20 спрема 0 на штета на албанските граѓани – се јасен показател за кршење на начелата на Охридскиот договор и сериозно ја загрозуваат меѓуетничката хармонија, реагира Алијансата за Албанците.