
(Видео) Попоски: Вештачката интелигенција нема да ни ја земе работата, но мора да сме спремни за промена
🔴 Говорејќи околу се почестиот премин на автоматизирање, роботика и колку овој тренд ја загрозува работата на индивидуата, човекот и дали се ќе се сведе на роботика, автоматизација, Попоски вели дека нема целосно да се елиминира улогата на човекот. 🔴 - Не сум оние што мислат дека роботите и вештачката интелигенција во догледно време ќе не остават сите без работа. Баш напротив сметам дека дури и повеќе можности за вработување би се појавиле, но поразлични. И како инженери, еве јас како машинец, сметам дека доколку се приспособиме на оние нови трендови и следиме што треба да се случува и што е работната задача на еден инженер не може целосно да бидеме елиминирани, вели Попоски.
Како машински инженер има различни предизвици. Многу често во државата се мисли дека во производство нема инженеринг. За жал тоа е кај помладите инженери, особено мои генерации, оние после мене што доаѓаат, е дека во производството нема многу инженеринг, но токму поради таа автоматизација за која што говориме, јас работам во компанијата „Гересхајмер“ и можам да кажам дека е исклучително комплициран производствен процес и има голем степен на автоматизација. Неодамна имавме посета од студенти од машински факултет, токму од смеровите за автоматизација од каде што воочија дека навистина има големи предизвици во производството и има доста што може да се научи, многу повеќе одошто можеме да видиме во универзитетските клупи, изјави за магазинот „Трилинг“, Филип Попоски машински инженер.
Додипломските студии ги завршив на енергетика и екологија, па потоа магистрирав на автоматика и малку повеќе се насочив накај индустриската автоматизација. Има доста примери што ме интригираа. Сајбер напади е нешто што веќе често го слушаме, обично за веб страници и слично, но има и голем број на примери на светско ниво каде се нападнати специфично индустриски системи. Има напади, особено во Украина, каде што се напаѓа и енергетскиот сектор. Имаше неодамна напад во Србија каде техничка документација од Електродистрибуција на Србија беше украдена и пласирана на дарк веб. Така што за мене тоа стана интересно. Од една страна мора да се разбира машинството а самата индустриска автоматика. Тоа е професија односно дел од технологијата каде што машински и електроинженери небаре мора да работат. Тоа е една од оние основни функции каде еден инженер би работел, а безбедноста е еден нов спин што треба специфично да биде таргетиран. Не е само ИТ безбедност, туку т.н оперативни технологии и тоа е она што го работам на докторските студии што неодамна ги започнав..
Говорејќи околу се почестиот премин на автоматизирање, роботика и колку овој тренд ја загрозува работата на индивидуата, човекот и дали се ќе се сведе на роботика, автоматизација, Попоски вели дека нема целосно да се елиминира улогата на човекот.
„Не сум оние што мислат дека роботите и вештачката интелигенција во догледно време ќе не остават сите без работа. Баш напротив сметам дека дури и повеќе можности за вработување би се појавиле, но поразлични. И како инженери, еве јас како машинец, сметам дека доколку се приспособиме на оние нови трендови и следиме што треба да се случува и што е работната задача на еден инженер не може целосно да бидеме елиминирани.
-Не сметам дека вештачката интелигенција ќе ни ја земе работата, но мислам дека мора да се приспособиме за одредена промена“, вели Попоски.
Целиот разговор погледнете го во видеото.