Разрешен судијата Енвер Беџети кој од лани е на „црната листа“ на САД

Во јануари 2023 година комисијата на Судскиот совет заклучи дека тој намерно го чувал во фиока случајот на Сашо Мијалков, со цел да застари и со тоа го повредил законот, а во ноември истата година беше казнет и со 20% од плата.

Судскиот совет вчера го разрешил апелациониот судија Енвер Беџети, кој од декември 2024 година е ставен на црната листа на американскиот Стејт Департмент на корумпирани функционери, непожелни за влез во САД.

ОЈО води постапка против Беџети, испитуваат коруптивни дела од негова страна и за трговија на влијанија.

Во јануари 2023 година комисијата на Судскиот совет заклучи дека тој намерно го чувал во фиока случајот на Сашо Мијалков, со цел да застари и со тоа го повредил законот, а во ноември истата година беше казнет и со 20% од плата.

За разрешување на судијата Беџети вчера гласале девет членови на Судскиот совет.