
Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска го коментираше изборот на Азир Алиу за нов министер за здравство. Запрашан како програмер ќе се снајде на новата функција министер за здравство, Меџити одговори:
„Пред се треба да биде добар менаџер за функцијата министер. Имало вакви примери и во минатото, и мислам дека Алиу ќе биде добар на таа позиција“, рече Меџити.