
Бегај: Пред 30 години мирот беше овозможен во Дејтон, сега наша должност е да обезбедиме тој да стане траен
Албанскиот претседател, Бајрам Бегај, кој учествува на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО, што оваа година се одржува во Дејтон, САД, по повод 30-годишнината од договорот, со кој се стави крај на конфликтот во Босна и Херцеговина, ја потврди поддршката на Албанија за договорот и евроатлантската интеграција на Босна и Херцеговина.
Албанскиот претседател, Бајрам Бегај, кој учествува на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО, што оваа година се одржува во Дејтон, САД, по повод 30-годишнината од договорот, со кој се стави крај на конфликтот во Босна и Херцеговина, ја потврди поддршката на Албанија за договорот и евроатлантската интеграција на Босна и Херцеговина.
„Истакнувајќи ги меѓународните напори за ставање крај на конфликтите во нашиот регион, претседателот нагласи дека Дејтонскиот мировен договор стави крај на бруталната војна на Балканот, станувајќи камен-темелник на мирот, стабилноста и надежта“, стои во објавата од претседателскиот кабинет.
Тој ја истакнал важноста на навремената интервенција во Косово, „што помогна да се спречи катастрофа“.
„Соединетите Американски Држави одиграа историска улога во обезбедувањето мир пред три децении. Без американско водство, Дејтонскиот договор не би бил можен. Без американско водство, немаше да имаме независно Косово. Покрај тоа, нашиот регион немаше да ја постигне својата сегашна стабилност без постојаната посветеност на Соединетите Американски Држави, нагласил Бегај.
Шефот на државата високо го оценил стратешкото партнерство со САД, наведувајќи дека „Албанија ја потврдува својата силна посветеност на основните вредности на демократијата, промовирајќи мир, безбедност, стабилност, одржлив економски развој и добрососедски односи“.
Исто така високо го оценил континуираниот ангажман на САД, НАТО и ЕУ во балканскиот регион, изразувајќи ја посветеноста како членка на Евроатлантската алијанса за зајакнување на солидарноста, единството и кохезијата на НАТО.
Соочен со новите предизвици со кои се соочува Балканот по војната во Украина, претседателот Бегај, повикал на соработка меѓу сојузниците за да ги трансформира во можности, надеж и единство.
„Да ја потврдиме нашата посветеност на Западен Балкан, регион кој не останува во сенка на своето минато, туку стои во светлината на својата иднина. Пред 30 години мирот беше овозможен овде. Сега наша должност е да обезбедиме тој да стане траен, изјавил претседателот Бегај.