Романските социјалдемократи денеска одлучуваат дали ќе влезат во новата влада или ќе останат во опозиција

СДП победи на парламентарните избори во декември, што ја прави прв избор за мандатар на новата влада. Но, по двата неуспешни претседателски избори – вклучувајќи го и поништениот на крајот на минатата година – премиерот и лидер на партијата, Марчел Чолаку, поднесе оставка, што предизвика внатрешна нестабилност.

Социјалдемократската партија на Романија (СДП) денеска ќе одржи состанок на раководството за да одлучи дали, како најголема парламентарна партија, ќе учествува во новата влада или ќе остане во опозиција, јавува новинарскиот портал „Зиаре“.

Состанокот ќе започне во 10 часот во партиското седиште во Букурешт, соопшти СДП.

СДП победи на парламентарните избори во декември, што ја прави прв избор за мандатар на новата влада. Но, по двата неуспешни претседателски избори – вклучувајќи го и поништениот на крајот на минатата година – премиерот и лидер на партијата, Марчел Чолаку, поднесе оставка, што предизвика внатрешна нестабилност.

Одлуката ќе биде донесена на денот кога новоизбраниот претседател на Романија, Никушор Дан, положува заклетва. Утре тој ќе започне консултации со проевропските партии – СДП, Национално-либералната партија (НЛП), Сојузот за спас на Романија (ССР) и Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија (ДСУР) – за формирање на нова влада.

Во СДП постојат поделени мислења. Некои лидери сметаат дека партијата треба да остане во опозиција, поради очекуваниот тежок економски период и високиот буџетски дефицит. Други, пак, веруваат дека победата на изборите носи политичка одговорност и дека СДП мора да учествува во власта.

Според анализата на политичарката Јонела Гаврила, постојат три можни сценарија: влада на мнозинството со 54% поддршка (СДП, НЛП, ССР, ДСУР), малцинска влада со 32% (НЛП, ССР, ДСУР) со поддршка од СДП, или влада со технократски елемент, што не го исклучува новиот претседател.