Во САД над 1 милион луѓе починале како последица од Ковид-19.
Има 6,7 милиони потврдени смртни случаи на глобално ниво, нема многу места во светот кои не биле опустошени од оваа болест, соопштија од СЗО.
Според Светската здравствена организација, реалниот број на жртви – вклучувајќи ги и оние кои починале од компликациите предизвикано од Ковид-19, како и оние кои починале од индиректните последици од појавата на пандемијата – веројатно е близу 15 милиони.
Светот главно почна да се враќа во „старото нормално“, а научниците веќе работат на нова засилувачка доза бидејќи вирусот продолжува да мутира.