Продолжува бомбардирањето на „Азовстал“

Продолжува бопмбардирањето на челичарницата „Азовстал“ во украински Мариупол – известуваат украинските вооружени сили. Во соопштението се наведува и дека руските сили се во дефанзива во североисточниот регион на Харков.

„Најголема активност е забележана на линијата на фронтот во насока Слободански и Доњецк“ – стои во извештајот.

Во Мариупол се уште одбраната ја држат преостанатите бранители на градот. Киев има информации дека во комплексот има стотина цивили, но таквите тврдења не се проверени.

Украинската страна тврди дека ја вратила контролата врз неселеното место Питомник, кај Харков.