Заев: Време е регионот да си го брендираме!
„Регионалната соработка ја ставам на првото место“. Ова е пораката на екс-премиерот Зоран Заев што ја испрати од денешниот „Сараево Бизнис Форум”
На форумот Заев изјави:
„Недостатоците oд вештини, од работна сила, од продукциски капацитети, па дури и од храна, било која од нашите држави, можеме да ги надоместуваме потпирајќи се на нашите соседи односно на регионалната соработка. Затоа силно го поддржувам процесот на создавање единствен пазар на Западен Балкан и очекувам да се зголемува бројот на држави кои ќе учествуваат во тргањето на пречките за слободен проток на луѓе, услуги, добра и стоки во нашиот регион. Време е регионот да си го “спакуваме” и како инвестициски потенцијал. За да ги донесеме големите играчи треба да и ние да играме поголема игра. Западен Балкан има огромни потенцијали за создавање енергија од обновливи извори на енергија, имаме многу сонце, ветер и вода. Тоа подразбира инвестиции во големи стратешки и инфраструктурни проекти, а денес тоа го можат големи и глобални инвеститори. Нашите држави може да се конкурентни за вакви проекти само ако се здружиме и ако настапуваме како регион. На тој начин недостатоците ќе исчезнат, придобивките ќе пораснат“.