СДСМ ги стави на табло „Неработниците и класниот“

„Неработниците и класниот, овие нè чинат 55.000 евра месечно“.

Вака владејачката СДСМ на социјалните мрежи го објави таблото од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ -Христијан Мицкоски и пратениците поради активната блокада во Собранието.

Портпаролката на СДСМ – Богданка Кузеска, на прес-конференција образложи дека само за основни плати пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја плаќаат 40.000 евра месечно, а дополнителни 15.000 евра добиваат за патни трошоци.

„Тоа се над 55.000 евра месечно народни пари што ги добиваат пратениците на ВМРО-ДМНЕ од граѓаните. Наместо да ги заработат, тие блокираат и прават штета на оние што ги плаќаат, на граѓаните. Гледаме дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не влегуваат на седници, не закажуваат седници на комисии што ги водат, односно не работат ништо во интерес на граѓаните“ – рече Кузеска.