На Бајден му е откриен рак на простатата кој метастазирал

Ракот се карактеризира со Глисонов скор од 9, со метастази во коските, соопшти неговиот кабинет, што значи дека станува збор за поагресивна форма на болеста.

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностициран рак на простатата, се вели во соопштението од неговиот кабинет во неделата.

На Бајден, 82, му е дијагностициран рак на простатата во петокот откако посетил лекар поради уринарни симптоми.

Ракот се карактеризира со Глисонов скор од 9, со метастази во коските, соопшти неговиот кабинет, што значи дека станува збор за поагресивна форма на болеста.

Се истакнува дека Бајден и неговото семејство ги разгледуваат опциите за лекување, се вели во соопштението.

Канцеларијата на поранешниот претседател додаде дека ракот е чувствителен на хормони, што значи дека веројатно може да се контролира.