
(Видео) Проф. Маршавелски: Во Хрватска казната за сообраќајка со смртни последици е од една до осум години затвор
🔴 „Судот во секој предмет мора да гледа отежителни или олеснителни околности и според тие околности всушност ја одреди правичната казна за сторителот. Ако на пример некој веќе и порано имал многу прекршоци, можеби е виновен и за повеќе несреќи, ако некој и загинал, логично е дека овој пат ќе добие поголема казна. Ако некому е прв пат му се случи, немал претходно прекршоци и со една грешка од небрежност сторил сообраќајна несреќа, тогаш логично е да добие помала казна“, вели Маршавелски.
Дали казната затвор за возачот Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина во центарот на Скопје е во рамки на европската пракса.
Ова е едно од прашањата за кои разговаравме со професорот од Правниот факултет во Загреб Александар Маршавелски. Колку изнесува највисоката казна доколку на пример во Загреб возач прегази пешак?
„Судот во секој предмет мора да гледа отежителни или олеснителни околности и според тие околности всушност ја одреди правичната казна за сторителот. Ако на пример некој веќе и порано имал многу прекршоци, можеби е виновен и за повеќе несреќи, ако некој и загинал, логично е дека овој пат ќе добие поголема казна. Ако некому е прв пат му се случи, немал претходно прекршоци и со една грешка од небрежност сторил сообраќајна несреќа, тогаш логично е да добие помала казна.
-Во Хрватска став е дека во секој случај доколку некој загине затворска казна мора да има. Тие казни се од една, две до седум осум години. Просекот е од четири до пет. Исто така зависи и од тоа дали едно лице е загинато, дали се две, колку има повредени. Сите тие околности влијаат на казната“.
На прашањето која е најниската односно највисоката казна изречена за прегазување на пешак, Маршавелски вели дека има видено и една и пол година за сообраќајка со смртни последици, но има видено и седум до осум години казна затвор. Се зависи од околностите – дали возачот е млад, дали има деца, односно дали е родител“, додава Маршавески.