(Видео) Тодоров: Ниту еден пратеник се нема појавено на мирните протести во Кочани

🔴 „Се надевам дека ќе најдат начин и позицијата и трети партии заедно да направат едно решение за Кочани. Не е состојбата во Кочани црно-бела. Сите сакаат да го сведат тоа на позиција-опозиција, но тоа не е така. Во отсуство на систем секој може да ја земе правдата или законот во свои раце и така хаосот ќе биде поголем. Во Кочани, ако се продолжи со ова темпо, ќе имаме нагло иселување што ќе придонесе за немање на работна сила а со самото тоа и немање на иднина“, вели Тодоров.

„Секој проблем во Македонија кога ќе почнеме да зборуваме за него или да пробаме да најдеме решение, започнува со корупција. Претпоставувам дека и ова било рецидив на некоја врста на корупција. 13 години никој ништо да не знаел, да не знаел дека има аномалии, дека е опасност за граѓаните, пред сѐ за децата во Кочани – тоа е невозможно, вели за „Трилинг“ граѓанскиот активист Зоран Тодоров околу истрагата за Кочани која сѐ уште трае, истовремено семејства на настраданите бараат одговорност за трагедијата во која загинаа 62 лица, а околу 200 се повредени.

Тодоров смета дека сите ние како систем имаме потфрлено.

„Ние како граѓани можеби најмалку, но тие кои учествувале во институциите кои требале тоа да го знаат, тие најмногу потфрлиле“, вели Тодоров.

Одговорајќи на прашањето кои се луѓе требале да знаат за дискотеката „Пулс“, кој се му прогледувал на газдата на „Пулс“, Тодоров смета дека тоа треба да го покаже истрагата.

„Овој пат мора да се истера правдата до крај, затоа што ова може да ни се повтори секогаш. Затоа мораме да знаеме дека со тоа мора да се сопре и да ги најдеме виновниците како еден пример за иднина дека сите институции кога работат треба да ја работат работата до крај.

-Кој потфрлил во овој случај конкретно – потфрлиле сите! Од МВР до луѓето кои ги издаваат лиценците – тоа е Министерството за економија. Потфрлиле УЈП, потфрлиле сите други инспекции кои доаѓаат во редовни контроли на сите компании, не само во Кочани, туку низ цела Македонија. Секој од нив можел да најде аномалија. Сега слушам и дека лиценцата била фалсификат, дека многу работи, многу луѓе потфрлиле при правење на проверки на оваа дискотека“, вели Тодоров.

Загуба на една цела генерација млади луѓе. Ова не е несреќа ова е убиство

Фото: Трилинг / Зоран Тодоров

Околу тврдењата дека надлежните си ја вршат работата и дека се води неселективна истрага, Тодоров тврди дека секој од свој аспект може да гледа што е селективно, а што не е селективно додека трае истрагата.

„Кога ќе ја затворат истрагата јас би ги замолил сите луѓе кои учествуvаат во институциите, да бидат опфатени сите оние кои учествувале во ова. Доколку имаме селективност ризикуваме во иднина пак да имаме нешто слично, дали тоа ќе биде пожар, сообраќајки не е битно. Нашите граѓани се изложени на опасност се до моментот додека законот не биде еднакво спроведен кон сите. Секој што учествувал во неправилностите треба сходно на својата вина да одговара.. Значи не се сите исти, не се сите во системот криви. Сите имаат име и презиме, сите имале одговорности во тој период и сето тоа треба истрагата на еден адекватен начин да го заврши како што би се завршило во развиените земји кон кои ние тежнееме. Само тоа и ништо повеќе не бараме.

-Таа цела генерација која била внатре во дискотеката исчезна и сега цела генерација која била таму има и трауми. Ние кога дојдовме на лице место ги видовме сликите. Но секој од нас е засегнат. Во Кочани нема некој да нема роднина, да нема пријател или школски другар, бидејќи толку многу луѓе таму настрадаат. Во таа една катастрофа ние очекуваме солидарно целиот систем да се активира и да почне едно по едно да се решаваат состојбите во градот. Како нус појави ќе излезат политички препукувања и на крајот ќе се сведе Кочани да добие една црна слика, дамка која ќе влијае на економијата не само на луѓето кои работат трговија туку на секој сегмент од живеењето во градот“, вели Тодоров.

Тодоров во разговорот истакнува и дека јавно на маршовите за настраданите до сега ниту еден пратеник од изборната едница 3 (каде спаѓа Кочани) било од позицијата или опозицијата сѐ уште се нема појавено.

Тодоров потенцира дека доколку сакаме општество во кое сите ќе живееме безбедно и да го чувствуваме како свое треба да одговараат сите без разлика во која гарнитура биле.

„Не треба да постојат амнестирани, туку да бидат обвинети вистинските виновници и да не биде како во некои поранешни случаи каде многу виновници се ‘протнаа и не одговараа за ништо’. Се надеваме дека овој пат нема да биде така“.

Осврнувајќи се на Законот за луѓето од Кочани инициран од опозицијата, а Власта не го прифати, Тодоров смета дека секоја помош е добредојдена.

„Се надевам дека ќе најдат начин и позицијата и трети партии заедно да направат едно решение за Кочани. Не е состојбата во Кочани црно-бела. Сите сакаат да го сведат тоа на позиција-опозиција, но тоа не е така. Во отсуство на систем секој може да ја земе правдата или законот во свои раце и така хаосот ќе биде поголем. Во Кочани, ако се продолжи со ова темпо, ќе имаме нагло иселување што ќе придонесе за немање на работна сила а со самото тоа и немање на иднина“, вели Тодоров.

Целото интервју погледнете го во видеото.