Кадиевска, Славески или Ставревски – кој ќе биде нов Гувернер на НБРСМ

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека до крајот на неделата ќе има јасна позиција кој ќе добие поддршка за нов гувернер на Народната банка и оти изборот ќе биде на пленарна седница во Собранието на 20 мај. Еден од условите за поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и Владата, како што изјави денеска, е стриктно бранење на фиксниот курс на денарот.

Петгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска која стапи на функцијата на 22 мај 2018 година, истекува на 21 мај, а Мицкоски уверува дека рокот ќе биде испочитуван.

– Веќе имавме разговори со претседателката во понеделникот на оваа тема, очекувам да ги продолжиме, до крајот на неделата ќе биде јасна позицијата. Очекувам в понеделник да биде информирано Собранието, на 20-ти ќе има седница, разговарав со претседателот на Собранието за дополнување на дневниот ред на 20, така што рокот ќе биде испочитуван, рече Мицкоски, на новинарско прашање, по присуство на настан во општина Аеродром.

Мицкоски посочи дека не е важно кој е негов фаворит, нагласувајќи дека сите кандидати се вонсериски искусни и оти е убеден дека ќе ја одржат макроекономската стабилност.