Рама им се заблагодари на граѓаните за довербата и најави прослава на плоштадот „Скендербег“

Откако победи на парламентарните избори на 11 мај, со добиени 83 мандати, лидерот на социјалистите Еди Рама, утрово им се заблагодари на сите Албанци за дадената поддршка.

Откако победи на парламентарните избори на 11 мај, со добиени 83 мандати, лидерот на социјалистите Еди Рама, утрово им се заблагодари на сите Албанци за дадената поддршка.

Во објава на Фејсбук тој вели дека „не може да ги најде зборовите за својот говор, кој ќе го одржи во 19 часот на плоштадот „Скендербег“.
-Ви признавам дека не можам да најдам зборови за вечерва во 19 часот на плоштадот „Скендербег“. Искрено ви се заблагодарувам за вашата неопислива доверба и ви посакувам добар и убав ден, пишува Рама.

Ова е прва негова реакција по неделните парламентарни избори на кои го обезбеди четвртиот последователен мандат, со што станува најуспешен политичар по падот на комунизмот.

На овие избори Коалицијата „Алијанса за величествена Албанија“ предводена од Демократската партија на Сали Бериша освои 50 мандати, Социјалдемократската партија, на Том Доши три, Партијата „Можност“ на поранешниот член на ДП, Агрон Шехај два, додека Движењето „Заедно“ на Арлинд Ќори и коалицијата „Иницијатива Албанија станува“ (ИАС) на Адриатик Љапај и Ендрит Шабани по еден мандат.

Во досегашниот пратенички состав Социјалистичката партија имаше 74 пратеници, Демократската партија 59, Партијата на слободата 4 и Социјалдемократската партија три.