
Последни денови пред локалните избори во Хрватска
Хрватите ќе избираат локални власти в недела. Според официјалните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), цитирани од хрватската национална телевизија ХРТ, за градоначалник, заменик-градоначалник, началник на општина...се натпреваруваат 31.082 кандидати, што е за речиси 7.800 помалку кандидати отколку пред четири години.
Хрватите ќе избираат локални власти в недела. Според официјалните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), цитирани од хрватската национална телевизија ХРТ, за градоначалник, заменик-градоначалник, началник на општина, управител на жупанија и негов заменик, се натпреваруваат 31.082 кандидати, што е за речиси 7.800 помалку кандидати отколку пред четири години.
Бројот на машки кандидати е поголем од бројот на женски кандидати – околу 57 проценти се мажи, а 42 проценти се жени. Просечната возраст на машките кандидати е речиси 48 години, а на женските кандидати – 45. Двајцата најмлади кандидати неодамна станале полнолетни, а најстариот кандидат има 96 години.
Според листите на кандидати објавени од Државната изборна комисија на нејзината официјална веб-страница, најголем број кандидати за градоначалник има за градот Пула – десет лица (седум мажи и три жени) и девет кандидати (седум мажи и две жени) за градот Дубровник, а најмал број има за градот Вуковар – само три мажи, како и за градот Осиек – четири мажи.
За градоначалник на главниот град Загреб има седум кандидати (шест мажи и една жена), како и седум за градоначалник на градот Задар (само мажи). За градоначалник на другите поголеми градови – Сплит (пет мажи и една жена), Риека (три мажи и три жени) и Шибеник (четири мажи и две жени) има шест кандидати.
Во Хрватска има вкупно 576 единици на локална и регионална самоуправа: 428 општини, 127 градови, 20 жупании и градот Загреб, кој има посебен статус на град и жупанија.