
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог-измените на законите за основно образование, средно образование и за високо образование, сите во прво читање.
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа за Предлог-изменување и дополнување на Законот за дивечот и ловството и за измените на Законот за фитофармација, двата во прво читање.