Шефовите на турската и руската дипломатија телефонски разговараа за мировните преговори меѓу Украина и Русија

„Шефовите на двете министерства дискутираа за иницијативата на претседателот на Руската Федерација В. В. Путин за започнување на директни преговори за украинскиот договор на 15 мај во Истанбул“, се наведува во соопштението.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, и неговиот турски колега, Хакан Фидан, телефонски разговараа вчера за предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за директни преговори меѓу Русија и Украина оваа недела во Турција, објави руското Министерство за надворешни работи.

„Шефовите на двете министерства дискутираа за иницијативата на претседателот на Руската Федерација В. В. Путин за започнување на директни преговори за украинскиот договор на 15 мај во Истанбул“, се наведува во соопштението.

Путин го предложи ова решение за време на викендот, откако европските лидери се сретнаа во Киев и повикаа на 30-дневно примирје во војната во Украина, со закана за нови санкции ако Русија не се согласи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори дека е подготвен да се сретне со Путин во Турција в четврток. Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, понуди да се вклучи во идните преговори меѓу Украина и Русија во Турција.