Предложен притвор за лице осомничено за убиство и за обид за убиство во кичевско

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против едно лице осомничено за едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и еден обид за убиство според истата правна квалификација. Јавното обвинителство соопшти дека при вршење семејно насилство вчера изутрина, во дворот на семејната куќа во селото Србјани, осомничениот 47-годишник ги лишил од живот својот татко, а се обидел да ја убие и својата мајка.

При вербална расправија, со нож и секира најпрво го нападнал таткото, прободувајќи го по телото и удирајќи го со секирата по главата. Потоа и нанел убоди со нож во вратот и на неговата мајка. Од многубројните повреди оштетениот маж починал при укажување прва помош, а жената е пренесена на Ургентниот центар во Скопје во тешка состојба.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кичево синоќа доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.