Експерт од Харвард предупредува: „Омикрон“ е Франкенштајн!

Проф. Владица Величковиќ од факултетот за јавно здравје „Harvard TH Chan“ во Бостон новиот вид на коронавирус „омикрон“ го нарече Франкенштајн.

„Светската здравствена организација го стави новиот сој на САРС-КОВ2 на списокот VoC (варијанта на загриженост). На СЗО и требаа два месеци да ја прогласи делтата за VoC и само 72 часа за „Омикрон“, што покажува колку е сериозна ситуацијата“, напиша проф. Величковиќ на Фејсбук.

Тој наведува дека „омикрон“ има 32 мутации и тоа загрижувачки.

„Веќе е докажано дека повеќекратните RBD и NTD во овој вид ја зголемуваат отпорноста на вирусот на неутрализација на антитела и лекови развиени за Ковид-19. Ова значи дека овој вид веројатно полесно ќе ги „заобиколи“ вакцините, лековите како коктели со моноклонални антитела ќе бидат помалку ефикасни и постои зголемен ризик од повторна инфекција со овој вид, во споредба со другите варијанти на загриженост, како што е делта сојот“ вели Величковиќ.

Тој потенцира дека овој вид на вирус има поголема преносливост од делта.

„Покрај тоа, постои уште една мутација која е докажано дека ја зголемува преносливоста, веќе видена во сите претходни соеви. Неколку земји веќе ги затворија своите граници за земјите со овој вид, но се чини дека е доцна. Брзината на преземање во една од погодените зони е од 1% до 30% за само три недели“ – пишува Величковиќ.