Во Грција инфлацијата највисока во последните 28 години

Во соседна Грција инфлацијата бележи рекорд, во последните 28 години и тоа 10,2 отсто.

Според официјалните податоци од грчката служба за статистиката, за една година, од април 2021 година, досега, најголемо зголемување на цената, за 122,2 отсто има на природниот гас, цената на електричната енергија е за 88,8 проценти зголемена, а нафтата за греење се зголемила за 65,1 отсто.

Во делот на прехранбените продукти, цената на маслото е повисока за 22 проценти во споредба со лани, на месото за 14,1 отсто, зеленчукот за 13,8 отсто, на млечните производи и јајцата за 11,7 отсто, на лебот и житните производи за 10 отсто.