Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Како резултат на нападот, воздушниот простор на земјата ќе остане затворен за сите летови од 03:15 до 12:00 часот по локално време, соопштија пакистанските воздухопловни власти

Пакистанската армија денеска соопшти дека Индија извршила ракетни напади врз три нејзини воени бази, вклучувајќи и една во предградијата на Исламабад, и вети дека ќе одговори на нападот.

– Индија нападна со ракети врз базите ‘Нур Хан’, ‘Мурид’ и ‘Чоркот'”, изјави портпаролот на армијата генерал-потполковник Ахмед Чхаудри.

Портпаролот прецизира дека ракетите испукани од Индија не погодиле цели на територијата на Пакистан.

Како резултат на нападот, воздушниот простор на земјата ќе остане затворен за сите летови од 03:15 до 12:00 часот по локално време, соопштија пакистанските воздухопловни власти.