Паѓа рејтингот на Милановиќ, расте на Пленковиќ
Паѓа рејтингот на претседателот Зоран Милановиќ кај Хрватите, а бележи раст на политичкиот рејтинг кај премиерот Андреј Пленковиќ, покажува истражување објавено од РТЛ.
Милановиќ сега има 20.6 отсто поддршка, за разлика од април, кога рејтингот му бил 22 проценти.
Премиерот Андреј Пленковиќ во мај има рејтинг од 18 проценти, со раст од 2.5 отсто.
Коментарите се дека Пленковиќ профитира од конфликтот со Милановиќ.
ХДЗ ја поддржува 26.1 отсто од избирачите, СДП забележа благ раст – 17.5 проценти. Платформата Можеме! што управува со Загреб, има поддршка од 12.6 отсто од анкетираните.