
(Видео) Во Трилинг со проф. Ненад Марковиќ, проф. Кртолица, академик Марковиќ и Симонида Кацарска
Во новото издание на Трилинг соговорници се Ненад Марковиќ универзитетски професор, академик Марјан Марковиќ, Марко Кртолица универзитетски професор и Симонида Кацарска од Институтот за европски политики.
Во новото издание на Трилинг соговорници се Ненад Марковиќ универзитетски професор, академик Марјан Марковиќ, Марко Кртолица универзитетски професор и Симонида Кацарска од Институтот за европски политики.
Во првиот дел Со проф. Ненад Марковиќ зборуваме за тоа дали битката против корупцијата е еден од моделите на свртување кон внатрешните приоритети за намален криминал и правна сигурност?. Дали правдата стигнува и до најмоќните, како што деновиве порача премиерот Мицкоски. Легитимен ли е сомнежот кај многумина дека корупцијата станува начин за функционирање?
Говоревме и за одлука на новата германска влада да се укине специјалниот претставник за Балканот како и за новите европски трасирања.
„Да видиме колку актуелни функционери ќе отидат во затвор, колку актуелни политичари ќе бидат затворени, бидејќи овие од бившата власт да ги затворате е многу лесно.
-Факт е дека позицијата на ВЛЕН во оваа власт и позицијата на ДУИ во претходната Влада е небо и земја. ДУИ на крајот ги водеше сите процеси. Имаше огромно влијание. Ова сега е страшно намалување на политичката моќ на Албанците.
-Да не се користи реториката дека ВМРО-ДПМНЕ стално знае, за разлика од СДСМ, да им го покаже местото на Албанците. Се додека дискурсот е така врамен дека некој некому треба местото да му го покажува, според мене, нема да имаме здрав меѓуетнички живот.
-Мандатот на Мерц веројатно е еден од најтешките и најмрачните во историјата на сите овие 10 германски канцелари, вели универзитетскиот професор Ненад Марковиќ.
Зошто избираме пратеници ако наместо во Парламентот одлуките се носат на лидерски средби, е прашање кое се наметнува како тема во разговорот со професор Марко Кртолица.
„Дека главните одлуки ви се носат на лидерски средби, зад затворени врати далеку од очите на јавноста, не е приказна за држава која треба да биде дел од ЕУ“, смета Кртолица.
Со Симонида Кацарска од Институтот за европски политики зборуваме за критики и забелешките од Брисел во однос на македонските владејачки гарнитури, владеењето на правото, нефункционалноста на системот, битката против корупцијата и криминалот.
„Државата во најголема мера е заробена од страна на политичките партии. Како резултат на тоа немате систем на МЕРИТ и вредност во институциите и тоа понатаму се прелеа во неодговорност, во немање отчетност помеѓу институциите“, вели Кацарска.
Осум децении од кодификацијата на македонскиот јазик, азбука и граматика, како стожерни лингвистички и етнички белези на една нација. Со одлуката на АСНОМ се поставени темелите на комплетниот идентитет на македонците во повоените движења на антифашистичка Европа.
Во Трилинг со академик Марјан Марковиќ, јазичар, славист, балканист.
„Верувам дека таа размена со сите соседи и со Бугарија, гледам има и во Грција преводи, би требало да се одвива на цивилизиран и нормален начин. Познавањето на македонскиот јазик, користењето, неговото ниво како официјален, службен и тн., би требало да биде надпартиско, надетничко“, вели Академик Марковиќ.
Гледајте не вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.