Најмалку три жртви во експлозија во Москва

Три лица загинаа, а шестмина се повредени во експлозија во станбена зграда во Москва, пренесе агенцијата РИА Новости.

Три лица загинаа, а шестмина се повредени во експлозија во станбена зграда во Москва, пренесе агенцијата РИА Новости.

Експлозијата предизвикала пожар, а деветтиот кат од зградата делумно се урнал.

На пожарникарите им требало околу еден час да го изгаснат пожарот.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин рече дека причината за експлозијата сè уште е непозната, а полицијата покрена истрага.