
Штрајк на вработените во судството во Србија
Како што е наведено во соопштението, причината за штрајкот е долгогодишното игнорирање на барањата на судските службеници, меѓу кои се: достоинствени плати, подобрување на условите за работа, јасно признавање на улогата што ја имаат административниот и стручниот персонал во функционирањето на судството, како и крај на систематското потценување на нивната работа.
Синдикатот во судството во Србија објави дека од денеска вработените во судските институции низ целата држава ќе стапат во целосен штрајк.
Како што е наведено во соопштението, причината за штрајкот е долгогодишното игнорирање на барањата на судските службеници, меѓу кои се: достоинствени плати, подобрување на условите за работа, јасно признавање на улогата што ја имаат административниот и стручниот персонал во функционирањето на судството, како и крај на систематското потценување на нивната работа.
Тие истакнуваат дека без вработени во судската администрација, нема рочишта, нема пресуди, нема правда. Затоа пораката од овој штрајк е јасна – судството запира се додека не се слушне и признае работата на оние што го носат секој ден.
„Секое работно место што ќе остане празно ќе биде силен знак на отпор и борба за почитта што ја заслужуваме. Ова не е борба само за нас – ова е борба за правда во систем што мора да функционира за сите“, се вели во соопштението.
Пред тој повик за целосен штрајк, синдикатот на вработените во судството организираше неколку предупредувачки штрајкови.