Филипче за најавите на ДУИ: Правото на протест е загарантирано, но не смее да се злоупотребува

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска, во врска со најавите на ДУИ, рече дека правото на протест е уставно загарантирано, но не треба да се злоупотребува.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска, во врска со најавите на ДУИ, рече дека правото на протест е уставно загарантирано, но не треба да се злоупотребува.

Одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето 122 години од смртта на Гоце Делчев, Филипче информира дека во СДСМ тече процесот за избор на кандидатите за локалните избори, како и дека се во тек разговорите за коалициски партнери за изборите.

-Правото на протест е уставно загарантирано, но апсолутно не сметам дека треба да се злоупотребува во политички цели. Во врска со претстојните избори, дел од кандидатите веќе се знаат и се некои од актуелните градоначалници. Имињата на сите ќе бидат соопштени иднава недела. Мислам дека до крајот на јуни веќе целиот процес ќе биде завршен. Целта ни е да ги промовираме најдобрите кандидати од сите општини, личности со кредибилитет и капацитет за спроведување на програмите и вредносно и политички. Го почнавме и процесот на разговори и пронаоѓање партнери за циклусот на локални избори. Дел од преговорите постепено веќе се заокружуваат, други траат, а трети допрва ќе почнат, истакна Филипче.