Алиоски со Ал Ахли ја освои Азиската Лига на шампиони

Ал Ахли за кого настапува македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓијан Алиоски, вечерва го победи Кавасаки со 2:0 во финалето на Азиската Лига на шампиони.

Ал Ахли за кого настапува македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓијан Алиоски, вечерва го победи Кавасаки со 2:0 во финалето на Азиската Лига на шампиони.

Натпреварот се одржа во Џеда (Саудиска Арабија) на стадионот „Крал Абдула Спорт Сити“.

Головите за Ал Ахли ги постигнаа Галено и Франк Кесие. Роберто Фирмино имаше две асистенции.

Ал Ахли ја освои Лигата на шампионите во Азија за прв пат во историјата. Тимот два пати претходно стигна до финалето, но не успеа да го освои финалето.