Поставен камен-темелник за изградба на автопатот Тетово-Гостивар

Камен-темелник за изградба на автопатот Тетово-Гостивар во должина од околу 18 километри беше поставен денеска, а се очекува тој да биде завршен во 2027 година. Проектот е вреден 90 милиони евра.

Камен-темелник за изградба на автопатот Тетово-Гостивар во должина од околу 18 километри беше поставен денеска, а се очекува тој да биде завршен во 2027 година. Проектот е вреден 90 милиони евра.

Проектот за изградба на автопатот Тетово-Гостивар опфаќа и девет натпатници од кои – 8 натпатници за поврзување на локалните патишта со новопроектираниот паралелен пат, еден натпатник за новата клучка во Општина Боговиње и Општина Врапчиште, додека за реконструкција на клучката за излез од Тетово ќе се користи постоечкиот натпатник.

На поставувањето на камен темелникот на изградбата на автопатот, меѓудругите присуствуваше и се обрати премиерот Христијан Мицкоски.

-Како земја која за жал нема излез на море размислуваме која би била предноста на Македонија во регионот, но и поширок. Притоа дојдовме до значаен заклучок, а тоа е дека како држава сме можеби единствените кои имаат потенцијал да бидат дел од три паневропски коридори. Првиот е овој, а тоа е Коридорот 8 кој ги поврзува Јонското и Јадранското со Црното море, вториот е Коридорот 10 кој ги поврзува во овој дел од Европа средоземието со Централна  Европа и Коридорот 11 кој поминува во нашето источно соседство. Со една отсечка која ги поврзува коридорите 10 и 11 стануваме земја која ќе биде директно поврзана со сите пристаништа во овој дел на Европа и ќе бидеме значајна алка на јужното крило на најголемата алијанса во човештвото, а тоа е НАТО Алијансата, рече Мицкоски.

Според него, љубовта кон татковината се покажува со дела, со изградба и развој.

-Затоа кога градите патишта булевари, водоводни системи, канализација, училишта и градинки…вие градите иднина. Ние денеска градиме иднина, не зборуваме за минатото не сме негови заробеници, истакна премиерот Мицкоски.

Тој ја искористи можноста да се заблагодари до сите општини, градоначалниците и администрацијата, кои се одзвале на повикот на Владата за инфраструктурни проекти согласно кои, како што нагласи, во еден момент ќе се гради на 1200 локации.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски обраќајќи се пред присутните нагласи дека за две ипол години земјава ќе имаа пат по сите прописи и сите стандарди.

-Во јуни 2024 година кога беше формирана оваа Влада вкупно беа експроприрани 560 парцели на трите делници денеска во април 2025 година се експропирани 2497 на трите делници. Тоа значи дека отвораме фронт за работа на делницата Гостивар – Тетово од 17,5 километри, Гостивар – Букојчани 14,7 и Прилеп-Битола 29 километри, рече Николоски.

Додаде дека според планираното активно ќе се работи на изградба на автопати во рамки на коридорите 8 и 10 во должина од 65 до 68 километри.

Випцепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити истакна како Влада на ваков начин градат иднина и создаваат подобри услови за сите граѓани.

-Градиме патишта за нашиот народ. Коридорот 8 е повеќе од пат. Тоа е европска артерија која ги поврзува Јадранот Црното Море, го поврзува срцето на Балканот. Нашата стратешка одлука е јасна – Македонија ја завршува својата делница ја носи Европа на Балканот, а Балканот во Европа. Со почетокот на изградба на овој пат го претвораме полошкиот регион во раскрасница на можности и инвестиции и го скратуваме патот Скопје – Охрид и Струга и се приближува границата Ќафасан, рече Меџити.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски појасни дека делницата Тетово – Гостивар ќе биде долга 17,5 килиметри и ќе чини 90 милиони евра. Ќе има, рече, по две коловозни ленти во еден правец, плус една лента за застанување.

Според него договорот е потпишан во март 2023 година, а во јули 2024 година наследиле само две информативни табли и ништо повеќе, а сега, како што нагласи, веќе може да се види напредок.

На поставувањето на камен темелникот се обратија и американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер и претставник на компанијата Бехтел и Енка и одговорен за проектот Џош Бејкер