Во последните три дена од 6. до 9. мај, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, направени се 2.777 тестови, а регистрирани се 159 нови случаи на КОВИД-19, од кои 25 се реинфекции.
Регистрирани се 225 оздравени лица, а пријавено е едно починато лице и дополнително согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“ регистрирани се две починати лица.
Од вкупниот број новозаболени, двоцифрена е бројката само во Скопје – 79 и во Битола – 29.
Починатото лице е од Охрид на 82 годишна возраст, а двете дополнително регистрирани починати лица се од Скопје на возраст од 58 и 83 години.
Досега во земјата бројот на починати е 9.287, а бројот на активни случаи во моментот е 578.