САД одобрија продажба на „Патриот“ системи на Романија

Американскиот Стејт департмент ја одобри потенцијалната продажба на системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ и придружна опрема на Романија во вредност од 280 милиони долари, се наведува во соопштение на Пентагон.

Американското Министерство за одбрана прецизира дека главни изведувачи на договорот ќе бидат компаниите „РТХ корпорејшн“ (поранешна „Рејтеон текнолоџис“) и „Локхид Мартин“.