Трговската војна на Трамп со Кина го намалува прометот на американските пристаништа и авио превозници

Операторите на контејнерски пристаништа и менаџерите за авио-превоз забележуваат нагло намалување на испораките од Кина. Бројот на нарачки опаѓа бидејќи увозниците ги одложуваат испораките во надеж на договор меѓу Пекинг и Вашингтон.

Трговскиот конфликт меѓу администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, и Кина го намали прометот со стоки во американските пристаништа и влијае врз американската економија, јави синоќа „Фајненшл тајмс“.

Според изданието, операторите на контејнерски пристаништа и менаџерите за авио-превоз забележуваат нагло намалување на испораките од Кина. Бројот на нарачки опаѓа бидејќи увозниците ги одложуваат испораките во надеж на договор меѓу Пекинг и Вашингтон.

По воведените царини од 145 отсто за увоз на кинески стоки, логистичките компании јавуваат за значително намалување на побарувачката за контејнери. Пристаништето во Лос Анџелес очекува испораките во првата недела од мај да се намалат за една третина споредбено со лани. Сличен пад бележат и авио-превозниците, а според Vizion, нарачките за стандардни контејнери од Кина се намалени за 45 отсто.

Џон Дентон, генерален секретар на Меѓународната трговска комора, изјави дека трговските нарушувања ги тераат трговците да одложат донесување одлуки очекувајќи намалување на царините. Тој предупреди дека поради овие царини, пристапот до американскиот пазар може да стане најскап од 1930-тите години досега.

На почеткот на април, Трамп најави воведување универзални и индивидуални царини за увоз од 185 држави и територии. Универзалната царина од 10 отсто стапи во сила на 5 април, а индивидуалните на 9 април. Дел од дополнителните царини се замрзнати за 90 дена поради тековни трговски преговори.

Кина на 12 април одговори си зголемини царините за увоз на американските стоки до 125 отсто.