ДКСК: Работиме независно и ефикасно согласно законите

Следејќи ги последните случувања, Државната комисија денеска преку соопштение ја уверува јавноста, партнерите и меѓународната заедница дека институцијата останува целосно доследна на почитувањето на принципите на интегритет, транспарентност и владеење на правото.

Следејќи ги последните случувања, Државната комисија денеска преку соопштение ја уверува јавноста, партнерите и меѓународната заедница дека институцијата останува целосно доследна на почитувањето на принципите на интегритет, транспарентност и владеење на правото.

-Државната комисија како институција продолжува да работи независно и ефикасно, во согласност со своите законски надлежности и својот мандат. Државната комисија продолжува да ги спроведува своите тековни активности и обврски, а нејзината мисија за превенција и борба против корупцијата на сите нивоа останува непроменета и посилна од било кога, се вели во соопштението од ДКСК.

Од Државната комисија велат дека постапките за утврдување индивидуална одговорност не ја поткопуваат институционалната и колективната посветеност.

-Свесни сме за важноста и значењето на довербата од јавноста. Затоа ќе продолжиме да работиме со највисока транспарентност и да соработуваме со надлежните институции, обезбедувајќи почитување на законите и највисоките етички стандарди во рамките на ДКСК, се истакнува во соопштението од ДКСК.

Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, денеска, пред одржувањето на сесијата на Националната конвенција за ЕУ во РСМ посветена на борба со корупцијата, порача претседателката на ДКСК најитно да си поднесе оставка, затоа што на овој начин сè уште ја инфицира институцијата. – Треба да се тргне за институцијата да може слободно да се чисти,истакна таа.

На новинарско прашање поврзано со случајот со актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, која минатата недела се најде на листата осомничени во случајот „Адитив“ поради оддавање службени тајни на друг обвинет во случајот, Ивановска вели несомнено е нанесен тежок удар врз општеството, граѓаните и институцијата, нагласувајќи дека не е момент да се седи со скрстени раце.