
Сиљановска: Уставните судии да бидат храбри за Законот за јазици
-За да не навредам да речете дека не одговарам, не сакам да влијаам врз Уставниот суд, но еве генерална препорака: Да си се држат до Уставот, да го бранат Уставот, да бидат храбри, да се држат до препораките на Венецијанската комисија и така нема да се згрешат. Да се апстрахираат од политичарите кога ќе одлучуваат, рече кратко претседателката по тркалезната маса на тема „Дали ни е потребен закон за Уставниот суд?“.
Шефицата на државата, Гордана Сиљановска-Давкова денеска упати апел до уставните судии пред подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, за која се уште нема конкретен датум кога ќе се одржи.
-За да не навредам да речете дека не одговарам, не сакам да влијаам врз Уставниот суд, но еве генерална препорака: Да си се држат до Уставот, да го бранат Уставот, да бидат храбри, да се држат до препораките на Венецијанската комисија и така нема да се згрешат. Да се апстрахираат од политичарите кога ќе одлучуваат, рече кратко претседателката по тркалезната маса на тема „Дали ни е потребен закон за Уставниот суд?“.
Првиот човек на Уставниот суд, Дарко Костадиновски информира дека во среда ќе образложи повеќе на оваа тема.
Минатиот месец, Уставниот суд на работен состанок одлучи да ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, која првично беше закажана за 20 март. Судот ја зема предвид прогласената седумдневна жалост за жртвите од трагедијата во Кочани, како и траумата низ која поминуваат граѓаните и целото општество.
-Датумот за одржување на седницата ќе биде дополнително утврден, а одлуката беше донесена во знак на почит кон настраданите и нивните семејства, рекоа тогаш од Уставниот суд.
Уставниот суд лани во декември одлучи да повика експерти за да слушне различни мислења за Законот за употреба на јазиците, а дури потоа да одлучува. Од ДУИ кои протестираа во тоа време со шатори пред Судот, рекоа дека се незадоволни и сметаат дека тоа е продолжување на процесот за укинување на Законот за употреба на јазиците. Најавија дека повторно ќе ги активираат шаторите.