
„Визер“ и ТАВ Македонија повторно летаат до Барселона, а три пати неделно и до Лион
Тав Македонија и „Визер“, денеска открија дека воспоставуваат редовен лет со авион од Скопје до Лион, Франција, а повторно се воспоставува и линијата до Барселона, Шпанија.
Тав Македонија и „Визер“, денеска открија дека воспоставуваат редовен лет со авион од Скопје до Лион, Франција, а повторно се воспоставува и линијата до Барселона, Шпанија.
„Кон Лион воспоставуваме три летови неделно, во вторни, четврток и сабота, што значи дека можете да го организирате времето и да останете во овој преубав град подолго или покусо“, рече Неџат Курт, генералниот директор на ТАВ Македонија, на денешната прес-конференција.
Тој вели дека Лион е прекрасен град, под заштита на УНЕСКО, а секој што ќе појде таму може да ужива во тамошните угостителски објекти наречени бушон.
„Тоа е нешто како нашите балкански кафеани, но малку поразлични. Таму мое да уживате со вашите пријатели во вкусна храна и пијалоци, а ако имате среќа со вас може да седне и главниот готвач“, додаде Курт.
ТАВ Македонија и „Визер“, доделуваат два билети за Барселона за летот којшто полетува на 3 мај во 18.50 часот. Деталите како може да се добијат овие билети, може да се најдат на социјалните медиуми на овие компании, а добитниците ќе бидат објавени утре, на 29 април, преку Фејсбук и Инстаграм.
На 3 мај, на првиот лет до Лион и оној за Барселона, се организира коктел односно забава, за испраќање на сите патници, како и на среќните добитници на билетите за Барселона.
Претставникот на „Визер“, Радо, откри дека авиокомпанијата набавува нови авиони, кои се поконфорни од сегашните и создаваат помалку емисии на гасови, а се и помалку бучни, со што покажуваат дека се грижат за околината и за мирот на граѓаните.