Три лица загинаа во пад на мал авион во американската држава Тенеси

Три лица загинаа кога мал едномоторен авион се урна во американската држава Тенеси, соопшти Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА).

Три лица загинаа кога мал едномоторен авион се урна во американската држава Тенеси, соопшти Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА).

Во соопштението се наведува дека авионот полетал од американската држава Алабама и се урнал во саботата додека се подготвувал за слетување на регионалниот аеродром Апер Камберленд во округот Вајт, пренесе Ен-Би-Си.

Авионот се урна јужно од аеродромот во Спарта, се вели во соопштението.

Управата за вонредни ситуации, пожарникарите и волонтерите го пронајдоа урнатиот авион.

ФАА и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот ја истражуваат несреќата.