Одбележување на Национален комеморативен ден на холокаустот и херојството во Израел
Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ќе го одбележат Јом Хашоа – Национален комеморативен ден на холокаустот и херојството во државата Израел, кој што се одбележува во сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и комеморативен ден на 6 милиони Евреи убиени во холокаустот.

Како што е најавено, комеморацијата ќе се одржи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во некогашното еврејско маало. Претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, ќе ги запали шесте меморијални свеќи со ветување кон жртвите и преживеаните дека тие никогаш нема да бидат заборавени и дека нивното наследство ќе се одржува во вечна меморија.
Традиционално, секоја година на овој ден е отворена изложбата од ликовни творби на ученици, учесници во наградниот конкурс „Холокаустот низ призмата на детските очи“, распишан од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
Од пристигнатите 98 творби, 60 се изложени и се составен дел од изложбата насловена „80 години од ослободување на Аушвиц“. Стручната жири комисијата од ликовни уметници и педагози ги одбра трите најдобри ликовни творби. Прво место го доби Кристина Маркоска, деветто одделение од основното училиште „Коста Раци“ – с. Брвеница, второ место Анастасија Гацов, девето одделение од основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани и третото место Божица Ивановска од основното училиште „Илинден“ – Крива Паланка.