Промоција на книгата за деца „Мачето Мице“
Во МГ кафе бар денеска ќе се одржи промоција на книгата за деца „Мачето Мице“. Станува збор за збирка раскази од авторката Татјана Гаврилова, објавена од издавачката куќа „Или-или“, во рамки на едицијата „И ете приказна“. Промоторка ќе биде Ана Јовковска.

-Книгата раскажува за домашните авантури на љубопитното маче Мице – палаво, весело и секогаш во движење. Низ десет посебни приказни, читателите ги следат неговите обиди да го истражи светот околу себе, да се справи со нови ситуации, да научи важни лекции и – најчесто – да направи по некоја беља. Раскажувач на приказната е Ема, девојче кое живее со своето семејство и го споделува секојдневието со Мице. Преку нејзиниот детски глас се доловува атмосферата на едно типично, но волшебно семејно домаќинство полно со љубов, игра и разбирање. Во фокусот на приказните се вредности како што се пријателството, храброста, емпатијата и значењето на семејството. Истовремено, книгата нуди и доза хумор, авантура и препознатлива детска динамика, што ја прави идеална за читатели на возраст од 5 до 10 години, соопштија од издавачката куќа.
Приказните се визуелно збогатени со живописни илустрации на Јана Борбала Панзов.