На Винисиус му се заканува двегодишна суспензија

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е под сомнеж од Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е под сомнеж од Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Според „Marca“, 24-годишниот Бразилец е осомничен за прекршување на правилата за судир на интереси бидејќи поседува неколку фудбалски клубови. Доколку биде прогласен за виновен, би можел да се соочи со забрана за играње фудбал до две години.

Актуелниот договор на Винисиус со Реал Мадрид е до 2027 година.

Претходно се појави информација дека мадридскиот клуб сака да го продолжи договорот со играчот на 2-3 години.

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на бразилскиот напаѓач на 200 милиони евра.