
Дел од српската опозиција најави за утре поднесување барање за седница за избор на членови на РЕМ
-Заедно со колегите и пратеничките групи кои имаат членови во Комисијата за култура и информирање, утре претпладне поднесуваме барање за седница на комисијата на која мора да се отпочне нов процес за избор на независни членови на РЕМ. Ние институционално ќе се обидеме да го натераме режимот да одговори на ова студентско барање - изјави за Данас Радомир Лазовиќ, копретседател на Зелено-левичарскиот фронт и член на надлежната собраниска комисија.
Дел од српската опозиција утре претпладне најави поднесување барање за седница на Комисијата за нов процес за избор на независни членови на РЕМ, јави дописникот на МИА од Белград.
Потегот се презема по осум денови студентска блокада на РТС во Белград.
„Заедно со колегите и пратеничките групи кои имаат членови во Комисијата за култура и информирање, утре претпладне поднесуваме барање за седница на комисијата на која мора да се отпочне нов процес за избор на независни членови на РЕМ. Ние институционално ќе се обидеме да го натераме режимот да одговори на ова студентско барање – изјави за Данас Радомир Лазовиќ, копретседател на Зелено-левичарскиот фронт и член на надлежната собраниска комисија.
„Претходната процедура за избор на членови на Советот на РЕМ беше погубна и добро е што со притисок од јавноста успеавме да ја запреме. Докажавме дека повеќето од кандидатите се или предложени од лажни организации, оние кои немаат врска со областите што треба да ги номинираат или дека кандидатите немаат соодветни квалификации. Седум независни кандидати, експерти, луѓе од власт, се повлекоа поради тие измами и целиот процес во основа пропадна, нагласува Радомир Лазовиќ.
Според Бранко Миљуш, пратеник на Партијата за слобода и правда и член на Комисијата за култура и информирање, РЕМ не постои речиси шест месеци, Вучиќ на телевизија во просек им се обраќа на граѓаните по 1,5 пати дневно, кандидатот за член на РЕМ Дејан Вук Станковиќ стана министер за образование.
Според негова изјава за Данас, ратениците од опозицијата бараат итна седница на Комисијата за информирање и култура за формално да заврши претходниот конкурс за Советот на РЕМ.
Коалицијата НАДА, што ја сочинуваат ПОКС и Новата ДСС, има принципиелен став дека нема да учествува во работата на парламентот, ниту во работни тела се додека траат оправданите протести на студентите и граѓаните, бидејќи не сакаме да им дадеме легитимитет на институциите што во суштина не постојат – изјави за Данас, потпретседател на ПОКС Владимир Ѓорѓевиќ.
Ѓорѓевиќ, кој е и член на Комисијата за култура и информирање на српското Собрание, посочува дека Собранието, односно мнозинството од СНС, повеќе не ја одразува мнозинската волја на граѓаните.
Соговорниците на „Данас“ посочуваат дека имаат доволен број потписи за свикување на таа седница, една третина од членовите на Одборот, нагласувајќи дека власта секогаш може да најде изговори за да ја заобиколи и опструира таа законска регулатива.