Бела куќа: Трамп стои зад министерот за одбрана по протекувањето информации од Пентагон
Американскиот претседател Доналд Трамп застана зад министерот за одбрана Пет Хегсет, и покрај известувањето дека министерот во групата за пораки Сигнал, во која биле и неговата сопруга, братот и личниот адвокат, сподели детали за нападот во март врз проиранските јеменски Хути.

Откритието дека Хегсет по втор пат го користел несигурниот систем за испраќање пораки Сигнал за да сподели многу чувствителни безбедносни детали доаѓа во незгодното време за него, кога официјалните претставници на Пентагон минатата недела беа отстранети од позициите по внатрешната истрага за протекување информации заради неговата претходна употреба на оваа апликација.
-Претседателот силно стои зад министерот Хегсет, кој работи одлична работа со водење на Пентагон. А ова се случува кога целиот Пентагон работи против вас и против големите промени што сакате да ги направите, рече портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит.
Според неименуваните извори, во оваа групи имало детали за временскиот распоред на воздушните напади врз Хутите во Јемен.
Во втор разговор на Сигнал, Хегсет споделил детали за нападот слични на оние објавени минатиот месец од страна на списанието Атлантик, откако во разговорот по грешка бил вклучен и неговиот главен уредник.